Властите на САД соопштија дека е откриен најдолгиот тунел за шверц на југозападната граница, кој се протега на 1.313 метри.
Тунелот почнува во градот Тихуана, Мексико, до Сан Диего, САД. Почетокот на тунелот е во индустриско подрачје во Мексико.
Вториот најдолг тунел, пак, кој е долг на 904 метри, беше откриен во Сан Диего во 2014 година.


