Инспекцијата запре камиони што превезуваат отпад за Цементарница – ММС
ММС

Објавено на: 01/29/20 3:53 PM

Инспекцијата запре камиони што превезуваат отпад за Цементарница

На македонско – грчката граница, на преминот Богородица, Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа, врши вонреден инспекциски надзор над пратка со отпад.


Според информациите од царинската служба на граничниот премин се земаат примероци кои ќе бидат испратени на анализи во лабораторија во Скопје. Станува збор, како што посочуваат, за пратка наменета за Цементарницата во Скопје.
Новинарот Зоран Божиновски вчера објави фотографии со осум големи камиони на границата, со тврдење дека под превезот на еко отпад, внесуваат отпад од Италија. Овие осум камиони се половина од пратката од 16 камиони, секој со носивост од 24 тони на отпад. Дел од нив носат медицински отпад. При тоа, како што пишува Божиновски, секој месец во солунското пристаниште пристигнува по еден брод полн со отпад, што потоа со камиони за транспортира во Македонија.
Од Министестерството најавуваат дека по извршениот увид на документацијата и анализа на земените примероци од страна инспекторите и царинските служби, резултатите ќе бидат споделени со јавноста.