Најмалку 27 луѓе, меѓу кои и седумгодишно девојче, загинаа, а десетици се повредени при судир на автобус во полна брзина и рикша во западниот дел на Индија, соопшти денеска полицијата. Спасувчки екипи успеале од автобусот да извлечат 33 повредени патници, од кои некои во тешка состојба, се пренесени во болница, пренесув АП.
Индискиот премиет Нарендра Моди им изразил сочувство на семејствата на загинатите и посакал брзо оздравување на повредените.
Секоја година околу 150.000 луѓе гинат на индиските патишта, најчесто поради невнимтелмо возење, лошо одржувани патишта и премногу луѓе во возилта.


