„Го имаме, фантастично!“: Научниците направија голем чекор во битката со коронавирусот – ММС
ММС

Објавено на: 01/29/20 9:51 AM

„Го имаме, фантастично!“: Научниците направија голем чекор во битката со коронавирусот

„Го имаме, фантастично!“: Научниците направија голем чекор во битката со коронавирусот

Научниците во Австралија вчера успеле да развијат коронавирус во лаборатрија, а тоа претставува голем пресврт во глобалната биорба против опасниот вирус, објави австралиски „АБЦ њуз“.

Овој вреден потфат ќе им озоможи на стручњаците да утврдат ќе може ли било која идна вакцина ефикасно да делува против вирусот, рекле научниците од Инситутот за инфекции и имунитет „Петер Доерти“.

Австралијците со ова станаа втора лабораторија во светот, по една во Кина, која, исто така, го разви вирусот. Но, за разлика од Кинезите, кои го објавија „само“ генетскиот код на вирусот, тие своето откритие веднаш ќе го споделат со Светската здравствена организација, која, пак, ќе го проследи до сите лаборатории низ светот што се вклучини во развој на вакцина за коронавирусот.

Австралиските научници вирусот го развија од пациент заразен во петокот, а екипата на „АБЦ њуз“ во лаборарторијата била во клучниот момент. Заменик-управникот на Институтот, Мик Катон, успехот го прокоментирал со три збора: „Го имаме, фантастично!“.