План на Трамп: Држава за Палестинците, а Ерусалим останува на Израел – ММС
ММС

Објавено на: 01/29/20 7:30 AM

План на Трамп: Држава за Палестинците, а Ерусалим останува на Израел

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го презентираше својот мировен план за Блискиот исток. Тој предлага решение со две држави (на Твитер објави и карта) и Ерусалим како целосен и неделив главен град на Израел. Трамп истакнува дека неговиот план не налага раселување или менување територии меѓу Израелците и Палестинците.

На пресконференцијата во Белата куќа, во придружба на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп им порача на Палестинците дека неговиот план можеби е и последната шанса за нив.

Палестинците пак од своја страна веднаш ги отфрлија предлозите на Трамп.