За да ги задоволи своите критичари, Facebook сака да ги прилагоди своите планови за дигиталната валута Libra.
Компромисниот предлог предвидува откажување од првично планираната корпа на валути. Наместо да користи единствена глобална валута, компанијата сега ќе користи неколку варијанти на Libra.
Според информациите на интернет списанието Financial Forward, Facebook размислува да ја отстрани првично наменетата корпа на валути во која би требало да се зачува дигиталната валута.
Наместо тоа, Libra би требало да биде поврзана само со една валута. Тогаш би биле Euro Libra, Dolar Libra и така натаму. Претставниците на Facebook веќе ја претставија оваа варијанта пред носителите на политички одлуки во Брисел и Берлин, потврдија неколку независни извори за Finance Forward.
Првично планираната корпа на валути беше во фокусот на критиките од централните банки и владите. Се плашеа дека Libra ќе стане премногу моќна. Швајцарскиот федерален претседател, Уели Маурер неодамна изјави дека корпата на валути „нема да биде прифатена од националните банки“. Со откажување, Facebook сега презема чекор кон своите критичари. Берлинските владини кругови велат дека Libra во таква форма всушност би било тешко да се забрани.
Поради силниот отпор на јавноста, неколку основачки членови се повлекоа од проектот во последните месеци, вклучувајќи ги Mastercard, Visa, Paypal, eBay и од неодамна и Vodafone.
Застапникот на CDU, Штефан Бергер, изјави за Finance Forward дека напуштањето на корпата на валути ќе го ослабне проектот, „затоа што Libra во почетокот беше воведена како глобална валута“.
Извор: denar.mk