Кинезот Ше Јат Лунг, познат по тоа што се претставува како усташ, е протеран од Хрватска на три месеци, пишува сплитска „Слободна Далмација“.
По гласното пеење усташки песни во текот на ракометното финале помеѓу Хрватска и Шпанија на бензинска станица во Грубине, Лунг бил приведен од хрватската погранична полиција, по што е приведен во судот во Имотски.
„Се работи за песни со неприфатливи пораки и соджини што предизвикуваат омраза и нетрпеливост“, изјави Жељка Радошевиќ од Сплитско-далматинската полициска управа.
Освен прекршочната постапка, полицијата спроведе постапка и според Законот за странци. Бидејќи кинескиот државјанин има привремен престој во Хрватска, изречена му е мерка на откажување на престојот и потоа забрана од три месеци на влез во Хрватска.
Ова не му било првпат на Кинезот да прави вакви инциденти. Во февруари лани бил приведен по објабувањето снимка на која се гледало како во кафуле во Имотски, заедно со друг Кинез и Хрват, ја пеат навивачката песна „Неописливо“, а тој ја подигнува десната рака и извикува „За дом спремни“.


