Елзи Еилер живее во малото гратче Монова во САД, каде што целиот свој живот гледала како неговата популација постојано се намалува. Некогаш местото имало 150 жители, три продавници, неколку ресторани, па дури и затвор и железничка станица. Во 1971 година со сопругот отвориле кафуле. Во 1980 во Монова остнале само 18 жители. Во 2004 година починува сопругот на Елзи, Руди, па таа останува единствена жителка на местото.
Сепак, Елзи не сакала да се пресели. Вели дека не е осамена зашто работи по 12 часа дневно во кафулето. Имала гости од соседните места, но доаѓале и туристи од цел свет да го водат гратчето со само еден жител – градоначалничката.
Секоја година на своето кафуле лепи плакат „избори за градоначалник“ и потоа си гласа самата за себе, па станува едногласно избран градоначалник! Според законите, има должност да организира избори.
Како сопственичка на кафуле, обврзана е да бара дозвола за алкохол и тутун, па барањето го испраќа до државата, која потоа го проследува до градоначалникот, која го потпишува, па си го доставува до себе, како сопственичка на ресторан…


