Во Зларинскиот Канал во близина на Шибеник утрово е пронајдено и второ тело од посадата на воениот хеликоптер што во тек на тренажен лет вчера падна во Јадранското Море.
По натпоручникот Томислав Батурина се трагаше од вчера попладне, во текот на ноќта и рано утринава, пишуваат хрватски медиуми. Во потрагата биле вклучени десетина бродови, хеликоптер, автономно подводно возило…
Претходно беше пронајдено и телото на офицерот Марин Кларин.
Министерството за одбрана и воениот врв на прес-конференција рекоа дека досега не е утврдена причината за паѓањето на хеликоптерот и соопштија оти додека не се утврди, нема да се лета хеликоптерите „киова вариор“.