Во рамки на одбележувањето на Свети Трифун – празникот на лозарите и винарите, во Неготино ќе се одржи натпревар на најдобри вино и ракија произведени од индивидуални производители.
За таа цел организаторот, Општина Неготино, ги информираше сите заинтересирани дека може да учествуваат на натпреварот и да достават мостри од сопственото производство.
И оваа година примероците ќе бидат дегустирани и оценувани од стручни лица – енолози, кои ќе одлучат за добитниците на признанија и награди за квалитет.
– Наградите и признанијата на најдобрите индивидуални производители на домашно вино и ракија, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе им ги врачи на денот на одржувањето на централниот настан по повод Св.Трифун, на 14 февруари, кој ќе се одржи на градскиот плоштад во Неготино, соопштија од неготинската локална самоуправа.
МИА