Потврден привиот случај на коронавирусот во Германија – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/20 9:01 AM

Потврден привиот случај на коронавирусот во Германија

Денес е потврден првиот случај на коронавирусот, кој за прв пат се појави во Кина и се рашири низ скоро сите земји во светот.

Баварските здравствени работници потврдија вчера дека со вирусот е заразен жител на Стамберг, место оддалечено триесетина километри од Минхен.

Заразеното лице засега е во добра состојба и под постојан надѕор на лекарите. Не се објавени детали за болниот, ниту неговата возраст и националност.

Луѓето кои биле во контакт со пациентот се известени за можни симптоми на болеста, односно мерките кои требаат да ги преземат во случај на промена на здравствената состојба, објави баварската здравствена служба.