Кина: Бројот на починати од коронавирусот се зголеми на повеќе од сто, речиси 5.000 заболени – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/20 8:49 AM

Кина: Бројот на починати од коронавирусот се зголеми на повеќе од сто, речиси 5.000 заболени

Бројот на починати од коронавирусот во Кина се зголеми на 106, а регистрирани се 1.770 нови заразени, со што заклучно со вчера вчера имало повеќе од 4.500 потврдени случаи на заболени со коронавирусот, потврдија надлежните кинески органи.

Во меѓувреме, Монголија, Северна Кореја и Киргистан соопштија дека ги затвораат границите со Кина, додека Хонг Конг и Малезија објавија дека забрануваат влез за посетители од кинеската провинција каде што за прв пат се појави овој опасен вирус.