Бројот на починати од коронавирусот во Кина се зголеми на 106, а регистрирани се 1.770 нови заразени, со што заклучно со вчера вчера имало повеќе од 4.500 потврдени случаи на заболени со коронавирусот, потврдија надлежните кинески органи.
Во меѓувреме, Монголија, Северна Кореја и Киргистан соопштија дека ги затвораат границите со Кина, додека Хонг Конг и Малезија објавија дека забрануваат влез за посетители од кинеската провинција каде што за прв пат се појави овој опасен вирус.



