Министерот за јавна администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски смета дека органите на државата професионална и експресно реагирале во врска со затворената интернет група „Јавна соба“ и дека злоупотреба на интерент просторот може да се заштити само преку размена на информации меѓу самите институции.
Како држава смета дека работат на поголема контрола на сајбер криминалот преку Националниот совет за сајбер безбедност.
Инаку во групата „Јавна соба“, се споделуваа интимни фотографии претежно на малолетни девојчиња преку апликацијата Телеграм.