Зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа започна со верификација на овластувањата на националните делегации, при што на повеќе делегации како на Шведска, Швајцарија меѓу кои и на Северна Македонија им беа оспорени овластувањата поради недоволна родова застапеност, поточно недоволна застапеност на жените во составот на делегациите, јавува дописникот на МИА.
Собранието на Северна Македонија со 46 жени парламентарки, односно со 38,3 отсто од вкупниот состав, се наоѓа на 21-то место на светско ниво. Но во делегацијата во ПССЕ од шесте членови само 2 се жени, што претставува 30 отсто од делегацијата.
Сепак тоа не е доволно, годинашната сесија на ПССЕ започна со оспорување на овластувањата на нашата делегација, токму поради родовата застапеност во неа, односно недоволната застапеност во паневропската асамблеја во однос на составот на македонското собрание. Ова барање за оспорување на составот на делегацијата го истакна унгарската пратеничка Зита Гурчаи од групата на социјалистите и демократите. Покрај нашата земја овластувањата се оспорени и на уште неколку други земји, како Швајцарија или Шведска.
Тоа значи дека се до одлуката на ПССЕ, нашите парламентарци ќе можат да заседваат во ПССЕ, но не ќе можат да гласаат.
Инаку на почетокот од годинашнава сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, парламентарците од 47 земји членки го избраа белгискиот сенатор Хендрик Даемс за свој претседател. Претседателството со ПССЕ е ротирачко меѓу парламентарните групи, белгискиот сенатор доаѓа од групата на Европските демократи либерали со мандат од една плус една година, тој на оваа функција ја наследи швајцарската парламентарка Лилијан Мори Паские.