Украдени топки и дресови на Ф.К Брегалница – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/20 3:07 PM

Украдени топки и дресови на Ф.К Брегалница

Неколку топки и торби со дресови биле украдени од просториите на штипскиот Градски стадион, сопственост на Ф.К Брегалница.

Според информациите од СВР Штип, кражбата била пријавена во текот на вчерашниот ден.

,,На 26.01.2020 во 18.24 часот во СВР Штип било пријавено дека на Градскиот стадион во Штип, непознат сторител одзел повеќе фудбалски топки и торба со неколку дресови на фудбалскиот клуб „Брегалница“ Штип“, пишува во полицискиот билтен.

Се работи на расчистување на случајот.