Словенечкиот премиер Марјан Шарец денеска си поднесе оставка од. Како што јавуваат агенциите, тој ја пратил оставката до парламентот и побарал да се распишат предвремените парламентарни избори, наведувајќи дека сегашната малцинска влада не може да ги протурка потребните важни закони.
Тој пишува дека со ваква коалиција и состојба во парламентот, не може да ги исполни барањата на граѓаните. Непосредно пред неговото соопштение, словенечката агенција СТА јави дека оставка си поднел и Андреј Бертонцељ, министер за финансии во Владата.


