Словенечкиот премиер поднесе оставка – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/20 1:27 PM

Словенечкиот премиер поднесе оставка

Словенечкиот премиер Марјан Шарец денеска си поднесе оставка од. Како што јавуваат агенциите, тој ја пратил оставката до парламентот и побарал да се распишат предвремените парламентарни избори, наведувајќи дека сегашната малцинска влада не може да ги протурка потребните важни закони.

Тој пишува дека со ваква коалиција и состојба во парламентот, не може да ги исполни барањата на граѓаните. Непосредно пред неговото соопштение, словенечката агенција СТА јави дека оставка си поднел и Андреј Бертонцељ, министер за финансии во Владата.