Компаниите донирале, ама и добивале јавни набавки од Општина Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/20 12:56 PM

Компаниите донирале, ама и добивале јавни набавки од Општина Кавадарци

Вредни донации добила Општината Кавадарци, вклучувајќи ги јавните претпријатија и општинските институции. Вкупно 32 донатори се евидентирани во официјалниото гласило на Општина Кавадарци,  “Службен гласни“, пријавени и одобрени од Советот на општината. Од тие 32 донатори, 13 компании имаат добиено јавни набавки од Општината, јавните претпријатија и општинските институции.

Топ три компании – донатори на Општина Кавадарци со највредни јавни набавки се:

1. ДТПУ Метал Апостолов ДООЕЛ: Вкупно 17 јавни набавки за Општина, ЈП и општински институции на ЈП Комуналец и општински установи – градинка и училишта. За Општина Кавадарци вкупно 10 набавки, во вредност од: 352,181 евра,главно градежни работи и две набавки на метални шкафови;

2.ПАВЕР ТРЕЈД ДООЕЛ Кавадарци Вкупно 18 јавни набавки за Општина Кавадарци, општинските инситтуции. 12 за Општина во вкупна вредност од: 270.296 евра;

3.ДГТ ГРАДБА ПРОМЕТ ДОО Кавадарци  вкупно 57 јавни набавки, ЈП Комуналец, ОМБУ „Лазо Мицев Рале“ – Кавадарци. Само  Општина Кавадарци има 46 јавни набавки во вредност од 180.380 евра.

Целата сторија можете да ја прочитате на МедиаПлус