Хрватска: Утрово се урна воен хеликоптер – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/20 12:27 PM

Хрватска: Утрово се урна воен хеликоптер

 

Воен хеликоптер „киова ох-58 д“ денеска паднал во Јадранското Море кај Шибеник. Тоа за хрватски медиуми прво го потврдиле пожарникарите, а потоа и од Министерството за одбрана.

Несреќата се случила во 10.30 часот. Од Министерството велат дека се преземени сите марки со цел за пронаоѓање и спасување на екипажот. Кон местото се упатиле и два полициски брода. Според последните неофицијални информации, двајца членови на екипажот биле извадени од морето од спасувачките екипи, но не е објавено во каква состојба се.