Стефанова: Осомничените во „Империја” скоро секогаш дознавале што презема СЈО против нив – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/20 11:56 AM

Стефанова: Осомничените во „Империја” скоро секогаш дознавале што презема СЈО против нив

Осомничените во предметот “Империја”, скоро секогаш успевале да дознаат што СЈО презема против нив. Надлежната обвинителка за овој предмет Лиле Стефанова, која моментално сведочи во предметот “Рекет”, рече дека истражителите и објасниле дека при претресите извршени кај осомничениот Јордан Камчев, тие подготвени ги пречекале.

– При претресот во 6 часот утрото Јордан Камчев ги пречекал облечен во тренерки. Таму било и лицето Зоран Милевски – Кичеец. Слична ситуација истражителите кажале дека имало и во просториите на Орка Холдинг. Канцелариите биле средени и урдни. Таму ги пречекале Михајло и Филимена Маневска, рече Стефанова.

Таа додаде дека со обвинетата Катица Јанева, имало негодување при нејзиното барање да се прифатат поблаги мерки за Јордан Камчев, Сашо Мијалков и другите притворени лица во случајот “Империја”.

Судењето за “Рекет”, продолжуваа по неколку одложувања.

МИА