Ирански авион се лизна од пистата и слета на улица – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/20 10:15 AM

Ирански авион се лизна од пистата и слета на улица

Ирански патнички авион се лизнал од пистата и излета на улица во јужнoиранскиот град Махшар. Во инцидентот нема повредени. Патниците излегле од авионот на предната врата и на излезот предвиден за случаи на опасност.

Иранската државна телевизија јавува дека инцидентот се случил за време на грубо слетување на авионот околу 9.30 часот по локално време. Ова е трет инцидент во последните неколку седмици со авиони во Иран, по несреќата кога на 8 јануари беше соборен украински авион