Кина: Бројот на починати од коронавирусот се зголеми на најмалку 80 – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/20 10:08 AM

Кина: Бројот на починати од коронавирусот се зголеми на најмалку 80

Бројот на починати од коронавирусот се искачи на 80, додека бројот на заразени на повеќе од 2.700. Околу 95 отсто од смртните случаи и повеќе од 50 отсто од заразените се во провинцијата Хубеи, пренесува АП.

Кина исто така откри дека вирусот може да се пренесе пред да се манифестираат какви било симптоми, вест која во неделата ја потврди кинескиот министер за здравство Ма Ксиоуи.

Кинескиот премиер Ли Кечианг пристигна во посета на Вухан, од каде вирусот се рашири во повеќе земји во светот.