EП во ракомет: Шпаците шампиони, Хрватите втори, во идеалниот тим двајца екс-„вардарци“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/20 7:44 AM

EП во ракомет: Шпаците шампиони, Хрватите втори, во идеалниот тим двајца екс-„вардарци“

Во синоќешното финале на Европското првенство во ракомет Шпанија ја совлада Хрватска со 22-20. Хрватите во првото полувреме беа почесто во водство. Имаа и три гола разлика, но полувремето го завршија со еден негатива. Второто полувреме Шпанците го почнаа фуриозно. Постоано го имаа водството. Сепак, во последната минута, при резултат од 21-20 за Шпанија, Хрватите имаа напад, но Игор Карачиќ направи чекори, па пропадна шансата на Хрватска да се избори продолженија. Финалето го судеа македонските судии Начевски и Николов.

Синоќа беше прогласен и идеалниот тим на Светското првенство, во кој влегоа и двајца поранешни „вардарци“ – Хрватот Игор Карачиќ (надобар централен бек) и Шпанецот Хорхе Македа (надобар десен бек). Освен нив, во идеалниот тим влегоа и Сагосен од Норвешка (лев бек), koj со 65 гола постигнати на сите натпревари, го урна рекордот на Кирил Лазаров, Блаж Јанц од Словенија (десно крило), Јондал од Норвешка (лево крило), Банхиди од Унгарија (пивот) и Де Варгас од Шпанија (голман). За МВП на ЕП беше прогласен Хрватот Домагој Дувњак.