Денеска во претладневните часови ќ биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег, кои потоа ќе престанат. Утринските температури ќе бидат над нулата, а максималната дневна до 11 степени.
Во следните денови, според прогнозата на УХМР, ќе има услови за повремени врнежи, претежно во западните делови, а ќе дува и умерен ветер од западен и северозападен правец кој во западните делови повремено ќе засилува.



