Македонското министерството за здравство го крева степенот на внимателност, откако се појавија заболени од корановирусот во Европа. На аеродромите ќе се врши скенирање, а под лупа се патниците, кои доаѓаат со летовите од Истанбул и Дубаи, кои се врска со Кина, од каде е изборот на вирусот. Во исто време, објавен е телефонски број, на кој можат да се јават луѓето кои во Македонија допатувале од Кина, а имаат првични симптоми на болеста, што по многу наликуваат на грип.
Како што изјави министерот за здравство, Венко Филипче, таквите пацинети не треба да одат кај матичниот доктор, туку екипа ќе дојде кај него. Како што објасни, нема опасност од инфекција од пратките кои доаѓаа од Кина.
Епидемиологот Жарко Караџоски, објасни дека симптомите на оваа болест се слични на грип, додека особено подлежни се повосрасните лица и болните со хорнични болести. Вакцина се’ уште нема, според тоа, не може да се примени.
Комисијата за заразни заболувања, утврди протокол за оваа болест.
Од коронавирусот до сега во Кина починаа 53 лица. Во Европа првите случаи на заболени се појавија во Франција. Сите престојувале во Кина.


