Општина Штип, со ретки исклучоци, не ги евидентира дадените донации. Иако, официјално во Министерството за правда има решенија за донации во пари и материјални средства. Најмноги донации во пари во износ од 32.500 евра, во изминатите четири години, се дадени за организирање на Пастрмалијата, каде главни ѕвезди беа Цеца, Северина и Здравко Чолиќ.
Во официјалниот “Службен гласник“, каде се објавуваат одлуките на Советот на Општината Штип, во текот на 2019 година, објавено е едно решение за примена донација од компанијата „ Хамачи “, која донираше електрично возило. Во 2018 година исто така, има едно решение за прием на донација на половно возило – Пајак од „Градски паркинг“ од Скопје. Во текот на 2016 година, Општина Штип и Здружението на ромите „Черења“ од Штип, склучија договор за донација со KAPITAL MARKET BUSINESS LIMITED од Лондон, Англија за изградба на станбени згради со 90 станови. Меѓутоа, донацијата никогаш не се реализира. Од Здружението изјавија дека донаторот се откажал од градењето на становите.
Целата строја можете да ја прочитате на МедиаПлус