Основниот суд во Гевгелија од почетокот на годинава повторно извршува надлежности од проширена дејност што му беа одземени пред 12 години, потврдија денеска од судот.
– Судот во општина Гевгелија повторно е надлежен во повеќе области
како што се граѓански спорови во кои имотно правното побарување е
над 50.000 евра,кривичната постапка за дела за кои е предвидена
казна затвор над 10 години, во прекршочната постапка,во која новина е дека може да применува и алтернативни мерка како и за стопански
спорови меѓу две лица што досега не беше случај, рече денеска
претседателката на судот, Злата Попова.
Враќањето на надлежностите на Основниот суд од Гевгелија, според
градоначалникот Сашо Поцков, е за поздравување бидејќи значително
ќе придонесе за олеснување на судските постапки за граѓаните и
правните лица од четирите југоисточни општини, Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран, кои изминативе 12 години мораа да се јавуваат на суд во Велес.
МИА