Неколку дена, хумани луѓе и сограѓани на штипјанката Ивана Станојкова, која почина во САД, собираат парични средства за да ја донесат во родниот град, каде што сакала да биде погребана.
Иванка се преселила во САД во 2002 година, а починала неколку дена пред својот 41 роденден, оставајќи зад себе две малолетни ќерки.
Последната желба и била да биде погребана во својот роден град, Штип, па нејзините блиски пријатели започнаа акција за прибирање средства, се со цел да биде вратена дома.
На страницата за донирање се собрани близу 10 илјади долари, од потребните 20.000.
Донирањето се одвива на следната страница.