EП во ракомет: Вечер Хрватска и Словенија против Норвешка и Шпанија во битка за финале, кое ќе го судат Македонци – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/20 7:06 AM

EП во ракомет: Вечер Хрватска и Словенија против Норвешка и Шпанија во битка за финале, кое ќе го судат Македонци

Македонската репрезентација испадна по првата групна фаза и со неубделив настап, со една победа и два пораза, го зазаде 15. место од вкупно 24 репрезентации на Европското првенство во ракомет. Сепак, Македонија ќе учествува и во финалето на ЕП што се игра в недела од 16.30 часот. Него ќе го судат македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, што е одлично признание за оваа наша квалитетна судиска двојка.

А кој ќе игра во финалето ќе се знае вечерва, по завршувањеро на двата полуфинални натпревара во кои ќе играат и две репрезентации од екс-ју просторите. Од 18 часот Хрватска игра со Норвешка, а од 20.30 Словенија против Шпанија.