Не ми е потребен суфлер како да работам оти не сум во театар, му одговори Џафери на Кирацовски – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/20 4:04 PM

Не ми е потребен суфлер како да работам оти не сум во театар, му одговори Џафери на Кирацовски

Собранискиот спикер Талат Џафери ги отфрли тврдењата на коалицискиот пратеник од СДСМ Александар Кирацоски дека не овозможува услови за работа на Совет за граѓански надзор, тело што произлезе од Законот за следење на комуникациите.

Со Законот вели, не е пропишано како и за што треба да се трошат средствата за Советот, кои се во рамки на собранискиот Буџет, и додека не се донесат измени на законот, тој не може да потпише никаков документ за трошење на средствата.

-Работата на Собранието е базирана на закон и Устав и секој кој ќе работи спротивно на тоа подлежи на соодветна одговорност. Легитимно право е на секој пратеник да има став по одредено прашање. Но, на претседателот на Собранието не му е потребен суфлер бидејќи не се наоѓа во театар, туку во Собрание, каде се пропишани процедурите и надлежностите. И покрај добрата волја да се овозможи можност за функционирање на Советот за граѓански надзор – дали да се добива надоместок дали патни трошоци или доусовршување не можам да предвидам за што можат да се трошат средствата бидејќи тоа законот не го предвидува, изјави Џафери.

Тој додава дека Собранието во рамки на своите надлежности во два наврати ги избрало членовите, но оти во законот никаде не е пропишана методологија на трошење на финасиски средства освен дека буџетот е во рамки на собаранискиот Буџет и оти Советот се сместува просторно во Собранието. Затоа, вели, било потребно да се донесат дополнувања на законот.

Пратениците, појасни, поднеле закон за дополнување кој заглавил во собраниски процедури поради тоа што се повлекол еден од предлагачите.

-Се додека не се донесат дополнувања и законски не се регулира трошењето на средствата јас нема да потпишам ништо, оти сето тоа би преставувало незаконско трошење на пари, истакна претседателот на Собранието.

Џафери не сакаше да ги коментира најавите на Кирацовски дека поднел барање за автентично толкување на Законот. Не коментирам хипотетички прашања, доколку поднесат такво барање тоагаш ќе го кажам својот став.

денешен.мк