Сериски убиец е уапсен во Бангкок откако на неговиот имот се откриени посмртни останки од неговата девојка, а полицијата пронашла и коски на други жртви.
Убиецот е уапсен на 10 јануари, а се работи за 40 – годишниот Апачаи Онгвисит, богат наследник од Бангкок.
Онгвисит е уапсен во својата куќа, а полицијата го пронашла телото на 22 годишната девојка замотано во пластична вреќа и фрлено во рибник.
Истрагата набрзо покажала дека неколку жени кои го познавале убиецот, вклучувајќи негови пријателки, девојки и проститутки, исчезнале во последните месеци, соопштија од полицијата.
Се појавиле и информации дека рибникот е исполнет со месојадачки риби, кои ги изеле телата на жртвите.
Семејство кое живее во близина на имотот на Онгвисит верува дека и телото на нивната исчезната 12-годишна ќерка, би можело да биде во рибникот.
При пребарувањето на рибникот пронајдени се скоро 300 коски.