СЗО: Можна глобална вонредна состојба, од коронавирусот до вчера починаа 17 луѓе – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/20 7:49 AM

СЗО: Можна глобална вонредна состојба, од коронавирусот до вчера починаа 17 луѓе

Светската здравствена организација (СЗО) вчера ги пофали заложбите на кинеските власти за минимизирање на ризикот од ширење на смртоносниот коронавирус. До ова дојде пред денешната одлука на СЗО за тоа дали да прогласи глобална вонредна состојба.

Меѓу мерките што Кина ги презеде е да ги спречи луѓето да заминуваат од градот Вухан каде што се појави вирусот и кој до вчера уби 17 луѓе. Градот има речиси 11 милиони луѓе.

Доколку СЗО прогласи вонредна состојба, тоа би била шеста во оваа деценија. Претходно епидемии беа прогласени по појавата на еболата во Конго и на зика-вирусот во Јужна Америка.