ОЈО Тетово го презеде случајот за тројцата државни функционери за злоупотреба на службената положба – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/20 4:23 PM

ОЈО Тетово го презеде случајот за тројцата државни функционери за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство од Тетово го презеде случајот во кој се води истрага против тројца државни функционери за злоупотреба на службената положба.

 Случајот е префрлен на тетовското јавно обвинителство оти пријавените дејствија се извршени на подрачјето на град Тетово, каде што и се наоѓа Тетовскиот универзитет.

Просветниот инспектор тврдеше дека тие добивале хонорари од Тетовскиот универзитет за настава додека работните места им биле во мирување.

Инспекторот Илиевски при посетата на Општина Гостивар истакна дека државните функционери започнале да ги враќаат хонорарите кои како што тврди незаконски им биле исплаќани.

Од Основното јавно обвинителство Тетово не успеавме да добиеме информации до каде е истрагата против државните функционери.

Министерот Арбер Адеми, еден од осомничените, не беше достапен на телефон, а став за случајот не добивме од партијата ДУИ чии функционери се осомничени.