Државната комисија за здравство на Кина денеска соопшти дека до синоќа се потврдени 440 нови случаи на инфекција со коронавирус во 13 кинески провинции. Потврдени се девет смртни случаи и имало докази за дека се пренесува со дишење од пациент на пациент.
Потврдени случаи и во Тајланд, Јужна Кореја, Јапонија, Тајван, Макао и во САД. Светската здравствена организација денеска во Женева ќе одржи итен состанок по повод новиот корона вирус.
Сите деветмина од починатите пациенти се од покраината Хубеи, која е најпогодена. Властите ги повикуваат граѓаните да избегнуваат јавни собири. Стравот од епидемија се шири и поради тоа што милиони Кинези оваа недела ќе патуваат во своите домови за да ја прослават кинеската Нова година.
Новиот вирус е од групата вируси што предизвикуваат САРС, болест од која во 2002 и 2003 година починаа 800 луѓе во целиот свет, која исто така потекна од Кина.


