Од крајот на овој месец платите на сите цивилни лица во АРМ ќе бидат зголемени за 10 % а од почетокот на март сите припадници на АРМ со тригодишни договори ќе добиваат месечен надоместок за станарините по 7000 денари, порача денес од штипската касарна ,,Јане Сандански “ ,Министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
-Ако пред 2,5 години платата на професионалните војници изнесувала 20.000 денари, сега заедно со овие покачувања заедно со станарината ќе добиваат над 30.000 денари, што значи за оние кои што имаат најниски приходи во Армијата зголемувањето на месечните приливи ќе биде над 50%“, изјави Шекеринска.
Во кампањите кои што ги водевме изминатите години велевме -Ние сме НАТО, оваа година навистина стануваме Алијансата потенцира Министерката.
,,Членството значи и повисоки стандарди, но значи и повисока професионалност и знаење.Навистина ми е задоволство што токму во Штип ќе биде лоциран нашиот главен НАТО Ресурс-лесната пешадиска борбена група, која што ќе ги има и повисоките стандарди на обуката и повисоките стандарди во дел на опремата.на крајот од минатата година го потпишавме и првиот договор со кој обезбедивме оклопни возила токму за оваа група, меѓутоа опремата е еден дел од процесот, најважниот дел во нашиот процес се лучето “,изјави Шекеринска.
Претставници на Обединетото кралство ја прават обуката на луѓето во оваа борбена група ,кои што во моментов се дел во Штип а еден дел на Криволак, додаде Шекеринска.
Според британскиот бригаден генерал Хју Лојд Џонс, Обединетото Кралство ја цени можноста да даде поддршка за приемот на Македонија во Алијансата и да обезбеди практична помош во развојот на лесната пешадиска батаљонска група.