Идоли на Мбапе беа, Зидан, Кристијано и Бразилецот Роналдо – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/20 3:42 PM

Идоли на Мбапе беа, Зидан, Кристијано и Бразилецот Роналдо

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе, ги кажа своите идоли од детството.

„Првиот идол од детството ми беше Зидан. Ако сте француско момче, Зидан е вашиот идол. После тоа беше Кристијано Роналдо, имав среќа да го сретнам. Третиот е бразилскиот Роналдо поради стилот на играње. Сакам да оставам белег како нив во историјата на фудбалот, изјави францускиот репрезентативец.“

Мбапе е еден од најдобрите напаѓачи во светот и фудбалските стручњаци му предвидуваат блескава иднина.

Извор: denar.mk