Ирански пратеник понуди награда од три милиони долари за тој што ќе го убие претседателот на САД, Доналд Трамп, јавуваат американските медиуми повикувајќи се на иранска агенција.
„Во името на народот на провинцијата Керман, ќе платиме три милиони долари во готово како награда на оној кој ќе го убие Трамп”, рекол пред пратениците во иранскиот парламент Ахмад Хамзе.
Toj е од родното место на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен на 3 јануари во американски воздушен напад од дрон.


