Минатата година во Мексико се извршени 34.582 убиства, што е најголем број од 1997 година, кога почнале да се бројат овие кривични дела.
Оваа бројка одговара на просечно 95 убиства дневно, четири убиства на саат и е за 2,5 отсто поголма од бројката минатата година.
Во земја со 126 милиони граѓани, проблемот со убиствата станува се поголем откако во 2006 година во борбата против трговијата со дрога беше вклучена и војската.
Од тогаш, во земјата се убиени околу 275.000 луѓе, објави националниот секретаријат за јавна безбедност.
Иако во воените акции се уапсени или убиени голем број водачи на криминални банди, кампањата не успеа да го намали насилството поврзано со дрогата туку напротив доведе до зголемен број убиства, бидејќи криминалните банди почнаа да се пресметуваат меѓусебно.
Претседателот Андрес Мануел Лопез, кој на први декември обележи една година на власт, рече дека насилството ќе се намали благодарение на борбата против сиромаштијата.


