Во пожар во дрвена барака во Сибир загинаа 11 луѓе – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/20 10:37 AM

Во пожар во дрвена барака во Сибир загинаа 11 луѓе

Во пожар што во текот на иаминатата ноќ избил во дрвена барака во источниот дел на Сибир загинаа најмалку 11 луѓе, соопштија руските власти.

Пожарот избувнал во во еднокатната зграда во село во регионот Томск. Десетмина од од загинатите биле работници од Узбекистан, додека другата жртва е Русинка.

Жртвите биле работници во фабриката за сеча и преработка на дрво.

Пожарот најверојатно бил предизвикан од неисправна инсталација.