Поради мито, екс-директорот на Интерпол, Хонгвеј, доби 13,5 години затвор – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/20 10:30 AM

Поради мито, екс-директорот на Интерпол, Хонгвеј, доби 13,5 години затвор

Поранешниот директор на Интерпол, Менг Хонгвеј, денеска е осуден на 13,5 години затвор поради земање мито. Пресудата му е изречена денеска за Менг во суд воТјанчин, северна Кина. Тој ланското лето призна вина.Комунистичката партија на Кина во март минатата година објави дека истрагата утврдила дека Менг трошел големи суми пари од државните фондови, ја злоупотребил положбата и одбил да ги почитува партиските одлуки.

Интерпол кон крајот на 2018 година соопшти дека Менг поднел оставка од функцијата шеф на светската полициска агенција со седиште во Париз, неколку дена откако неговата сопруга пријави дека тој отпатувал за Кина.