Времето денеска, според УХМР, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со максимална дневна температура од 10 степени.
Во следните денови не’ очекува сончево време со мала до умерена облачност, а ќе продолжи да дува слаб до умерен северен ветер, кој во четврток ќе се засилува. Од петок ќе започне да дува јужен ветер, облачноста ќе се зголемува и за време на викендот се очекуваат повремени врнежи претежно од дожд.