Штип: За шест часа одземени седум возачки дозволи за возење под дејство на алкохол – ММС
ММС

Објавено на: 01/20/20 2:45 PM

Штип: За шест часа одземени седум возачки дозволи за возење под дејство на алкохол

На 18/19.01.2020 во периодот од 23.00 до 05.00 часот Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип во СВР Штип, спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Од извршената контрола кај седум возачи било утврдено присуство на алкохол. Сите седум возачи  биле исклучени од сообраќај, им биле одземени возачките дозволи и издадени им се соодветни платни налози.

Санкционирани се и 12 останати прекршоци.