Месец Јануари веќе завршува, а скијачката сезона на Попова Шапка абер нема да почне. Невладините реагираа што ски сезоните на голем број на домашни и соседни ски центри се во полн ек.
Од Иницијативата да ја спасиме Попова Шапка, велат дека само со инсталација на вештачки снег, односно заснежувањето на ски патеките може Попова Шапка центар со многу голем капацитет, да биде рамо до рамо со другите ски центри од земјава и регионот, ако не и многу подобар
Туристичките водичи велат дека странските туристи ја бараат Попова Шапка и кога на ски патеките нема доволно снег и изразуваат желба со ратрак да се носат на северната страна на центарот каде скијаат во слободен стил.
Од раководството на центарот на својата официјална Фејсбук страна, објаснуваат дека сезоната не е започната поради немање на доволно снег, но дел од жичниците се пуштени за да имаат можност туристите панорамски да го разгледаат центарот.