Кавадарчани го целиваат светиот крст и даруваат за помош на младо момче – ММС
ММС

Објавено на: 01/20/20 12:18 PM

Кавадарчани го целиваат светиот крст и даруваат за помош на младо момче

Светиот богојавленски крст денеска е на градскиот плоштад во Кавадарци. Дваесет и шест годишниот Александар Ристески од Прилеп,  кој повеќе години живее во Кавадарци беше најсреќен меѓу десетмината млади кои скокнаа по светиот крст во водите на Луда Мара. Ристески се одлучил на хуман потег. Наместо парите кои ги оставаат граѓаните при целување на крстот да си ги земе за себе, ќе ги донира, на младо момче од селото Дреново.

„Хуманитарната  акција  е за Марио Ристов од село Дреново, дете со  попреченост во развојот и со  инвалидитет 90%.  Голем е поводот за хуманитарна кација. Многу семејства имаат потреба од хуманитарна акција. Не само едно семејство. Затоа ќе апелирам до нашите сограѓани да излезат во што поголем број и да донираат“ вели Ристески.

Тој вчера по трет пат ја имаше среќата прв да стигне до светиот крст во водите на реката Луда Мара. Вели дека не се откажува од фрлањето на Водици по крстот. Тоа го прави исклучиво за здравје, а не од други материјални побуди или за слава.

И минатата година момчето кое го фати светиот крст на Водици спроведе хуманитарна акција за помош на свој сограѓанин.