Пет лица загинаа откако врела вода поплави хотел во Русија – ММС
ММС

Објавено на: 01/20/20 11:55 AM

Пет лица загинаа откако врела вода поплави хотел во Русија

Најмалку пет лица загинаа откако подрум на руски хотел се поплавил со врела вода, изјавија официјални лица од истрагата.

Други три лица со изгореници биле однесени во болница.

Инцидентот што се случил во мал хотел во Карамељ, е резултат на пукање на градска цевка низ која течела жешка вода.

Отворена е истрага поради непочитување на безбедносните стандарди.

Телата на жртвите биле пронајдени откако жешката вода била испумпана од хотелот.

Локалните медиуми објавија дека меѓу настраданите има и дете, иако жртвите се’ уште не се идентификувани.

Во февруари годинава, при рутинска инспекција во хотелот, биле пријавени мноштво прекршувања на безбедносните стандарди.