МВР Билтен – ММС
ММС

Објавено на: 01/20/20 11:01 AM

МВР Билтен

 Вчера во 11:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Самоилова” го лишиле од слобода Ј.Р.(28) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден во 14:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Вчера попладне во 17.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека кај крстосницата „Габровски водопади” во близина на село Габрово, струмичко, В.М. (38) од село Моноспитово, струмичко, управувајќи патничко возило „бмв”, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.Д.(33) од село Моноспитово, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица, каде починал. Со телесни повреди се здобил возачот и уште двајца сопатници, М.Г.(36) и С.С.(35), двајцата од село Моноспитово, кои биле пренесени во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Струмица.

Вчера во 08.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје”, на влез во Р.С. Македонија, по извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека Х.В. (27) од Авганистан, кој допатувал од Истанбул, Р. Турција, се наоѓа на стоп-листата со мерка ,,апси”, по барање на МВР – Сектор за меѓународна полициска соработка.

Тој бил приведен и задржан за понатамошна постапка.

Скопје, 20 јануари 2020 (МИА) – Вчера во 11:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Самоилова” го лишиле од слобода Ј.Р.(28) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.