Во последните денови на подрачјето на Кореница волци заклаа десетици овци и повеќе крави и телиња. Сточарите во Лика мака мачат со шумските предатори, кои ја напаѓаат нивната стока и им се приближуваат на куќите и на луѓето.
Зденко Рамљак од Кореница за ХРТ вели дека кај нив има глутница од седум волци, кои често биле видувани, па дури ги имале и снимено. Тие седум, крава раскинувале за миг, без проблем.
Неговото стадо од 80 говеда и илјада овци, кои на испаша ги чувале електричен овчар и повеќе кучиња, претрпело напад. Две крави му се заклани, како и седум овци.
Стручњаците од националниот парк Плитвице потврдуваат дека повеќе години следат три глутници од по пет до седум волци на подрачјето на Лика. А, и други сточари ги раскажуваат искуствата со нив.
„Ги донесовме овците од ливадата. Беше многу лошо време. Волците дојдоа по нас и овците. Околу осум вечерта влетале седум во трлото и ми заклаа три овци и еден овен, а уште седум одвај преживеја“, вели Саша Делиќ од Грбушиќ.
Иако волците главно се хранат во шума, незаштитениот добиток на ливадите, па и во трлата, им се многу полесен плен.
„Волкот најчесто го користи својот природен плен, но во недостаток на таков плен тој знае да улови и по некое домашно животно“, велат од НП „Плитвички Езера“.


