Хит соопштение во ресторан: Воспитајте си ги децата или тоа ќе го направиме ние – ММС
ММС

Објавено на: 01/20/20 10:37 AM

Хит соопштение во ресторан: Воспитајте си ги децата или тоа ќе го направиме ние

Габриел Бербени, сопственик на пицерија во италијанскиот град Сондрио, реши да ги „среди“ невоспитаните деца кои трчаат и врескаат по ресторанот и ги вознемируваат останатите гости.

Тој во италијанските медиуми заврши најпрво поради забраната која ја залепил на вратата на пицеријата. На неа пишувало дека на невоспитаните деца им е забранет влезот, а дека вработените имаат свои методи доколку се најдат во такви случаеви.

„Деца без надзор, кои трчаат по салата, викаат и стојат на столиците, ги вознемируваат другите гости. Затоа го задржуваме правото ваквите деца да ги однесеме во кујната да мијат чинии, додека устите им се залепени со лепливи траки“, пишува на почетокот на соопштението.

Соопштението ја разбесни италијанската јавност, а Бербени потоа им образложи на новинарите дека пораката е напишана како шега, но дека од забраната нема да се откаже.

„Гостите на нашиот ресторан имаат право да уживаат во ручекот или вечерата на мир и без да бидат вознемирувани од невоспитани деца кои врескаат. Можете да дојдете кај нас без деца, можете и да ги воспитате децата, или пак да отидете во друга пицерија или да си седите дома“, објасни Бербени.