Продолжува судењето за уривањето на комплексот „Космос” – ММС
ММС

Објавено на: 01/20/20 9:54 AM

Продолжува судењето за уривањето на комплексот „Космос”

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи нов рочиште за уривањето на комплексот „Космос” откако минатото беше одложено поради здравствената состојба на обвинетиот Тони Трајковски.

Денеска образложение за здравствената состојба на Трајковски треба да даде докторката која дала потврда дека обвинетиот не е во состојба да ги следи рочиштата.

На минатото рочиште, адвокатот на обвинетиот Тони Трајковски, Јовица Страшевски реагираше дека неговиот клиент е под терапија и не е во состојба да учествува на судските рочишта.

– Има дијагноза од докторите, што не би сакал да ја коментирам, не е благодарно. Препорачуваат мирување и дека не може да учествува на судење 15 дена, изјави Страшевски.

Обвинителот Бурим Рустеми, поради ваквите околности побара раздвојување на постапката за Тони Трајковски, а одбраната реагираше дека не може да се води постапка против поттикнувачи со раздвојување на постапката за обвинетиот извршител на делото.

Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

Првото рочиште за судењето за „ТНТ” се одржа на 24.01.2018 година, но поради истекот на мандатот на еден од членовите на судечкиот совет процесот се врати од почеток.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

МИА